Власта ги остава луѓето на цедило. Го слушаме Заев и тие од власта како зборуваат платата растела, луѓе се вработувале, а само лажат!, ова денеска го истакна Игор Ефремов од ВМРО-ДПМНЕ.
Која црна плата? Работниците од Баргала три месеци плата немаат земено! Три месеци едвај преживуваат! Се фали по настапи дека економијата оди добро, а во реалноста оди во дупка. Три месеци без плата и само ветување дека ќе биде подобро. На Заев не може да му се верува. Заев и СДСМ го уништија Штип. Лесно му е на Заев тој од плата не живее, што да речат оние кои платата им е единствена животна егзистенција?! Немаат работниците друг дополнителен приход како што има тоа Заев од неговите бизниси, вели Ефремов.
Тој прашува дали знае Заев како е да се живее без пари или со платите кои ги земаат овие работници, ако е искрен Заев во намерата ќе го повика ли актуелниот пратеникот од СДСМ Сашо Николов кој е во блиска роднинска врска со раководството на Баргала?!
Не може сите да се виновни, само луѓето од власта прави. Одговорност мора да има. Не може се да оди назад, а власта да вели дека блескаме. Луѓе едвај крај со крај врзуваат, и за тоа мора да има одговорност. Ние остануваме заедно со народот и најдемократски ќе се бориме за вработените од штипска баргала, рече Ефремов.