Македонија 30. октомври 2020. / 16:28

Едногодишно дете од Неготино поозитивно на корона: Седум деца и тројца вработени во изолација

Едногодишно дете од Неготино поозитивно на корона: Седум деца и тројца вработени во изолација

Едногодишно дете од Неготино е позитивно на Ковид-19, а во изолација се седум деца и тројца вработени во градинка, потврди за МИА доктор Ристе Јовановски, специјалист епидемиолог при кавадаречкиот Центар за јавно здравје.

Во изминатите 24 часа потврдени се 18 случаи со коронавирус во Кавадарци, девет во Неготино и еден во Росоман. Најстариот заболен има 73 години. Две лица на возраст од 21 и 63 години се хоспитализирани.