Нови тројца здравствени работници се позитивни на коронавирус во Кавадарци, за МИА потврди доктор Ристе Јовановски, специјалист епидемиолог при кавадаречкиот Центар за јавно здравје.
Починато е и едно лице од Росоман позитивно на Ковид-19, на 83 годишна возраст.
Центарот за јавно здравје во Кавадарци регистрира нови 53 заболени во последните 24 часа. Од нив 33 се од Кавадарци, пет се од Росоман, 14 од Неготино и едно лице од Демир Капија. Сите се на возраст од 20 до 79 години. Се утврдуваат нивните контакти со цел да се изолираат.