Министерот задолжен за дијаспора, Едмонд Адеми, од утре до 27 септември ќе престојува во работна посета на Швајцарија.
Во градовите Лозана, Берн и Женева, министерот Адеми ќе има состаноци со иселенички организации и интелектуалци од нашата дијаспора, како и со локалните власти. Средби се предвидени и со претставници на швајцарската влада, како и средба со генералниот директор на ИОМ (Меѓународна организација за миграција), Антонио Виторино.
Фокусот на средбите ќе биде професионалната и социјалната структура на дијаспората од Македонија во Швајцарија, унапредувањето на положбата на нашата дијаспора и нивна инклузивност во економскиот, политичкиот, социјалниот и културниот живот во Швајцарија, активностите што излегуваат од Националната стратегија за соработка со дијаспората, како и за актуелните политички цели на Владата на Република Северна Македонија.
На средбата со новиот генерален директор на ИОМ „Виторино“ се очекува продлабочување на соработката меѓу Владата и ИОМ во областа на дијаспората.