„По повод официјалната покана упатена до Република Македонија од Самитот на НАТО во Брисел, нашата земја да стане 30-та членка на НАТО, се остварува една од основните национални и државни стратешки интереси на нашата земја. Се остварува сонот на многу генерации. Определбата за евроатланско интегрирање на Република Македонија датира уште од 1993 година, кога Собранието усвои Резолуција за влез на земјата во НАТО“ се вели во пораката на министерот задолжен за дијаспора, Едмонд Адеми.
Според него, прифаќајќи ја потребата од интензивни и суштински демократски реформи, како и фактот дека членството во НАТО, претставува недвојбена заложба за споделување на демократските вредности, цврсто бевме решени да ја реафирмираме меѓународната позиција на Република Македонија, да ги обновиме институциите и да се вратиме на основните демократски вредности засновано на добро управување и владеење на правото.