Македонија 21. јануари 2020. / 12:06

Е*аму сељако, е*аму, е*аму името, е*аму

Е*аму сељако, е*аму, е*аму името, е*аму

Само еден ден апстиненција од „кафана“ и СДСМ почнува со чисти глупости. Додуша, се уште не е јасно дали овие последниве се сега тазе или датираат од поодамна. Или, едноставно, се микс и од едното и од другото. Како без чашка/литро „ џони вокер“ да не можат да размислуваат, функционираат, а уште помалку да водат држава. Барем така вели партискиот ген-сек, кој ги искара функционерите и на државно и на локално ниво и кутрите тие „на суво“ не можат да се снајдат.

Кој ли беше тој паметниот во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство како оргнизатор на македонскиот штанд на еден од најголемите и најстарите саеми за прехрана и производствени прехрамбени технологии во Европа, ако не и во светот, оној во Берлин, да ја претставува Република Македонија преку „северномакедонска кујна “!!! Да, да, добро читате-„северномакедонска кујна “!

И тука најмалку е важно дали на штандот имало или немало само бурек од Кадино. Важно е што Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, спротивно на сите препораки на Владата и Министерството за надворешни работи, на меѓународна манифестација ја користи придавката „северномакедонска “. А, да биде иронијата поголема, токму во упатството на МНР се обрна посебно внимание за правилната употреба на придавката „македонски“.

Придавката  „македонски/о/а“  да се употребува кога е поврзано со етнички и културен идентитет за народот, нашиот јазик, историја, култура, наследство, територија и останати особености. Ваквите термини во овој контекст се особено различни од оние што се употребуваат и се поврзани со регионот Македонија во Грција.

Правилни примери: македонски етнички идентитет, македонски јазик, македонска култура, македонска територија, македонски народ, македонска историја, македонски планини, македонска литература, македонско кирилско писмо, МАКЕДОНСКА ХРАНА, македонски цркви итн.

Токму ова го пишува во упатството. Дури и како пример е наведен МАКЕДОНСКА ХРАНА. Така, според умната глава организатор на штандот за саемот во Берлин, излегува дека имаме македонска храна за користење во „северномакедонска кујна“. Боже глупостиии !!!

И сега угледниот, достоинствен и честит поранешен премиер и актуелен лидер на СДСМ, Зоран Заев, излегува на прес-конференција и не плаши и нас и светот дека ВМРО-ДПМНЕ ако ти дошло на власт, ќе го поништел Преспанскиот договор! А, тој самиот, преку неговите најблиски соработници, што прави? Го проширува и надградува? И таму кај што треба и таму кај што не треба. Па, барем да го почитува тоа што самиот го препорачува како упатство за користење на придавката „македонски/о/а“!

Туку, што да се очекува од некој, кому неговите сопартијци скопјани  „душичката му ја извадиле “ и за нив е  „сељак од Струмица дојден таму“ во Скопје, а како вистинска вредност му е „ебаму името, ебаму“!

Еее, СДСМ, СДСМ! Наследник на КПМ/СКМ!

И да е само  „Преспа“ и придавката „македонски/о/а“. Еден „сељак од Струмица“ ја врати Македонија цел век назад, а не 20-25 години, колку што би ја вратела ВМРО-ДПМНЕ ако дојде на власт. Ја врати во време пред и по Илинден 1903, во време на бугарски, српски и грчки врховизам, во време на Цончев, Караѓорѓевиќ и Метаксас, кога не смеело ни М од Македонец и м од македонски да се спомене и пред налетот на теророт стотици илјади Македонци спас барале на други континенти. И тоа сега, во 21 век! Со „бетониран“ идентитет.