Македонија 26. јануари 2020. / 20:23

ДЗР ќе ја проверува основаноста за исплата на бонусите во СЈО

ДЗР ќе ја проверува основаноста за исплата на бонусите во СЈО

Државниот завод за ревизија следниот месец ќе го проверува начинот како биле исплаќани високите надоместоци во веќе згаснатото Специјално обвинителство, објави Алсат.

Ќе се проверува основаноста на одлуката обвинителите и останатите вработени, освен плата, да земаат и додатоци и тоа во илјадници евра, а ревизијата во СЈО е планирана во официјалниот план на ревизорите за годинава.