Интернационалниот републикаснки институт (ИРИ) заедно со Институтот за одржливо управување Македонија 2.0 Ве поканува на голема конференција во хотелот Холидеј Ин на 14 септември (петок) на тема: Евроатлантски перспективи на Република Македонија.
На конференцијата во својство на говорници се поканети да учествуваат неколку еминентни представници на меѓународната заедница помеѓу кои се и: Џозеф Дол – претседател на Европската народна партија (ЕПП), Кристофер Хил – првиот амбасадор на САД во Република Македонија од независноста и еден од клучните преговарачи на САД во преговорите со Северна Кореја, Елмар Брок – пратеник во Европскиот парламент и претседател на Комитет за надворешна политика при Европскиот парламент и Кетрин Ештон – поранешна висока претставничка за надворешна политика и безбедност на Европската унија.