Македонија 31. декември 2020. / 13:02

Џафери: Да ја надминеме пандемијата и да тргнеме кон ЕУ во 2021

Џафери: Да ја надминеме пандемијата и да тргнеме кон ЕУ во 2021

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери, упати видео честитка до граѓаните на земјава за новата 2021 година, посакувајќи им сѐ најдобро на индивидуален и фамилијарен план.

Џафери посака во новата година надминување на пандемиската состојба и остварување на стратешката цел – членство во Европската Унија.