Техничкиот премиер Оливер Спасовски, на чие барање во Собранието на дневен ред е разрешувањето на министерката за труд и социјална политика Рашела Мизрахи, рече дека на овој предлог се одлучил заради серија јавни настапи на кои таа, како што рече, грубо го прекршла Уставот на земјата и законите кои го уредуваат користењето на уставното име.
– Заради повторувањето на истото непочитување на Уставо и законите неизбежен е впечатокот дека министерката Мизрахи свесно и намерно го крши Уставот и го погазува историскиот договор од Преспа, со што во ризик ги става односите со соседите и процесот на евроинтеграциите, рече техничкиот премиер Спасовски.
Тој потсети дека кога министерката ја давала свечената изјава во Собранието, таа се заколнала дека своите обврски ќе ги извршува согласно уставот и законите, а штетите од овие постапки рече Спасовски се закануваат да бидат огромни за граѓаните, за државата и за евроатлантскатата иднина.
На ова реплицираше пратеникот Никола Мицевски кој побара Оливер Спасовски да си поднесе оставка, бидејки и тој самиот во неговиот говор не го употреби новото име на државта.
Дали ви работи потсвеста или не рече Мицевски на наше задоволство, вие вечерва во вашиот говор го користите името Република Макеоднија.
Мицевски побара од Спасовски:
– Ако вие не го повлечете брањето за оставка на Мизрахи значи имате двојни аршини кон министрите на ВМРО-ДПМНЕ, ако не го повлечете тогаш треба да си поднесете оствака, бидејки и вие не го употребувате новото име на земјата, рече Мицевски.