Македонија 15. јули 2020. / 23:31

Двете најголеми партии објавуваат водство – ДИК се уште без резултати

Двете најголеми партии објавуваат водство – ДИК се уште без резултати

СДСМ на 33 отсто обработени податоци од гласањето на предвремените парламентарни избори води со тројца пратеници. Трендот е во постојан раст, брифираат извори од СДСМ за МИА.

Првичните резултати коишто стигаат до мене од избирачките места покажуваат огромно водство на СДСМ и коалцијата „Можеме“. Очекуваме сигурна победа за СДСМ, сигурна победа и чист мандат за коалцијата „Можеме“. Победа за нашиот концепт кој што води напред кон развој и европска интеграција, истакна претходно денеска на прес-конференција генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски по затворањето на избирачките места.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека според досега обработените резултати од денешното гласање, во големо водство е ВМРО-ДПМНЕ. Партијата има освоено 109.670 гласови. СДСМ освоила 99.447 гласови. Од 37 % преброени гласови ДУИ има освоено 25.148 гласови, додека Алијанса за Албанците 19.599 гласови.