Македонија 03. август 2020. / 13:38

Две момчиња и една девојка на возраст од 19 до 22 години новозаболени од Ковид-19

Две момчиња и една девојка на возраст од 19 до 22 години новозаболени од Ковид-19

Уште тројца млади се потврдени како позитивни на Ковид-19 во Кавадарци, потврдува доктор Ристе Јовановски, специјалист епидемиолог при кавадаречкиот Центар за јавно здравје.

Станува збор за две машки и едно женско лице, на возраст од 19 и 22 години, од познати кластери.

Сите се со лесна клиничка слика и на домашно лекување.

Се работи на нивните контакти, со цел нивна изолација.