Македонија 17. април 2020. / 15:14

Две лица починаа на Инфективна, 36 нови случаи на Ковид-19 во Македонија

Две лица починаа на Инфективна, 36 нови случаи на Ковид-19 во Македонија

Министерството за здравство информира дека на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа две пациентки од Куманово и Крушево на возраст од 85 и 77 години, а денеска во евиденцијата на ИЈЗ е регистриран и еден починат пациент од Лабуништа (Струга) кој имал хируршка интервенција во болницата Филип Втори, а бил ковид позитивен. Пациентот починал пред три дена, а неговиот матичен лекар денеска го информирал Институтот за јавно зравје.

Денеска се регистрирани вкупно 18 оздравени пациенти. Од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби си заминаа 11 пациенти, 2 од болницата во Дебар, а регистрирани се  и 5 оздравени пациенти (2 од Кочани и 3 од Скопје) кои се лекуваа во домашни услови, а кои по два контролни теста се негативни на коронавирусот, информира Министерството за здравство.

Во изминатите 24 часа се потврдени 36 нови случаи на Ковид-19.

По градови: Скопје-22, Куманово-4, Прилеп-3, Струга-3, Велес-3, Битола-1.

Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во нашата земја изнесува 1117.