Македонија 25. ноември 2020. / 16:16

Двајца починати во Кавадарци, позитивни на Ковид-19 две негувателки и 22 деца во изолација

Двајца починати во Кавадарци, позитивни на Ковид-19 две негувателки и 22 деца во изолација

Две негувателки вработени во различни објекти од градинка во Кавадарци се позитивни на корона вирус во Кавадарци, поради што во изолација се 22 деца и четворица вработени.

Заболен е и еден здравствен работник, потврдува за МИА, д-р Ристе Јовановски, специјалист епидемиолог при кавадаречкиот Центар за јавно здравје.

Центарот бележи и две починати лица, на 66 и 81 година.

Во последното деноноќие се потврдени нови 28 случаи позитивни на корона вирус. Во Кавадарци 16, Росоман 2, Неготино 6 и 4 лица во Демир Капија. Тие се на возраст од 17 до 79 години