Македонија 23. август 2020. / 13:45

Два случаја позитивни на коронавирус денеска во Тиквешко

Два случаја позитивни на коронавирус денеска во Тиквешко

Два случаја позитивни на коронавирус се регистрирани денеска во Тиквешко.

Се работи за дваесетгодишна росоманка и 47-годишен неготинец. Двајцата не знаеле од каде се заразиле, за МИА потврди доктор Ристе Јовановски, специјалист епидемиолог при кавадаречкиот Центар за јавно здравје.

Новозаболените биле со лесна клиничка слика и на домашно лекување. Се утврдуваат нивните контакти, со цел нивна изолација.