Македонија 14. јуни 2019. / 20:13

Два града во Македонија добија свои регистарски ознаки на возилата

Два града во Македонија добија свои регистарски ознаки на возилата

Министерството за внатрешни работи излезе во пресрет на граѓаните на општините Демир Хисар и Крушево и го одобри барањето за добивање на сопствени регистарски ознаки на возилата. За регистарското подрачје Демир Хисар ознаката на регистарските таблици е DH, а за регистарското подрачје Крушево ознаката на регистарските таблици е KS.

Од МВР информираат дека е донесена одлука за изменување на правилникот за регистрациските подрачја за возилата и нивни ознаки кој е објавен во Службен весник на Република Северна Македонија бр. 116 од 07.06.2019 година и стапува во сила осмиот ден од денот на објавувањето.