Македонија 19. март 2020. / 16:01

Дури 41 лице на територијата на Општина Берово, поради коронавирусот се наоѓаат во самоизолација!

Дури 41 лице на територијата на Општина Берово, поради коронавирусот се наоѓаат во самоизолација!

Четириесет и едно лице на територијата на Општина Берово, поради коронавирусот се наоѓаат во самоизолација. Ова го соопшти д-р специјалист епидемиолог Сузана Каракашева, која истакна дека самоизолацијата е задолжителна превентивна мерка од коронавирусот за овие лица.

Засега, ниту едно од лицата нема симптоми на вирусот. Повикувам сериозно и одговорно, сите лица кои во изминатиот период патувале во некоја од земијте кои се високоризични или средноризични, да се самоизолираат, истакна Каракашовска.

Каракашевска апелира до граѓаните да се почитуваат мерките и препораките од Министерството за здравство и Светската здравствена организација, но и да се избегнуваат непотребни контакти.

Од општината исто така апелираат на совесно однесување на граѓаните согласно новонастанатата ситуација.

Немојте да дозволите, заради несовесно однесување, надлежните полициски служби да ве опоменуваат, или да мора да се применат рестриктивни мерки и казни во согласност со надлежностите на институциите, додаваат од општината.

Непочитувањето на препораките за заштита од вирусот КОВИД -19, како што додаваат, е казниво согласно законот и затоа за да не дојде до вакви мерки препорачуваат граѓаните да седат дома.