Македонија 09. јуни 2018. / 10:46

Дураку и Петровска се испокараа пред Жбогар кој треба да го чисти ѓубрето

Дураку и Петровска се испокараа пред Жбогар кој треба да го чисти ѓубрето

Министерот за животна средина Садула Дураку на вчерашната средба на Пелистер пред амбасадорот на ЕУ, Самуел Жбогар, и префрли на градоначалничката на Битола, Наташа Петровска, за ѓубрето кое може да се види низ националниот парк.

„Убаво место е, овде чист воздух, ама таму преку патот има ѓубре, градоначалничката треба да го исчисти тоа“, рече Дураку.

„Не само градоначалничката и централната власт треба нешто да направи“, посочи Петровска.

Низ целата должина на патот кон Пелистер може да се види ѓубре и тела на мртви животни. Диви депонии се појавиле покрај коловозот и низ населбата Петочна вода.