По објавувањто на пресудата за случајот „Рекет“, адвокатот на Бојан Јовановски, Сашо Дуковски изјави дека од почетокот на судски процес им било јасно дека се подготвува брутална казна и дека пресуда најмалку од се е заснована на докази.
Дуковски посочи дека немало изготвено вештачење, а судот во образложението на вина се повикувал на некои докази.
Мене навистина не ми е јасно на какви докази, но тоа е тоа. Овде не завршува нашата борба. Мислам дека е нефер, кога на крај беше спомнато дека во судот во Стразбур била одбиена времената мерка, судијата требаше да дополни дека навистина е одбиена, но прифатена е апликацијата – изјави Дуковски.
Во однос на тоа дали обвинителството докажало каде завршиле парите, Дуковски рече дека има снимка на која три секунди се гледаат пари, а после тоа еден лик носи ташна, како да е перо во рака.
Дали знаете дека најобичните предмети ширум судовите во Република Македонија за најобичен поткуп од 50 евра на сообраќаен полицаец се обележуваат парите и се фаќа. Дали мислите дека, доколку тоа навистина така се случело, Бојан Јовановски не би бил снимен од камерите и веднаш уаспен. Ова е една конструкција од самиот почеток, со голема помош на соизвршителот кој влегува и излегува од притвор кога сака и како сака. Се применуваат апсолутно двојни аршини – изјави Дуковски.