Македонија 22. јуни 2020. / 22:59

Дукоски: На снимката од „Ла Верита“ го нема Боки како ги зема парите

Дукоски: На снимката од „Ла Верита“ го нема Боки како ги зема парите

На снимката од Ла верита“ се гледа купче пари од 50 евра и потоа се гледа како излегуваат Кичеец и Бојан. Ташната ја носи Милевски и си ја префрла лесно. Вака адвокатот Сашо Дукоски го објаснува клучниот доказ на Обвинителството во случајот „Рекет“.

Сведокот Камчев воопшто не е наивен и имал помош од бугарски пријатели кои го советувале да ги дава парите во мали апоени од по 50 евра. Како е можно на таква спремна и организирана акција дека не би се снимил обвинетиот Јовановски како ги прима парите и како се наоѓа во таа соба. Дали тој се гледа во таа соба, праша Дукоски во емисијата „Што не е јасно“.

Затоа тој вели дека доколку се вештачеше мобилниот телефон на Боки ќе откриeше дека нема Р од рекет, ни  П од пари ни В од вина.