Адвокатот на Бојан Јовановски, Сашо Дукоски побара од Обвинителството конкретно да каже каква гардероба е одземена при претресот во неговиот дом.
Дукоски објасни дека во објаснувањето на Обвинителството само е наведено дека се одземени вреќи со гардероба, но не и за каква гардероба конкретно, ниту, пак, од кои марки.
Рускоска објасни дека кога ја одземале гардеробата тоа било невозможно да се направи.
– Кога гардеробата се предаваше во агенција за одземенен имот наведено е за какви марки се работи – изјави Рускоска.