ДУИ е подготвена да преговара и да ја земе опозициската Алтернатива во парламентарното мнозинство, секако доколку таа ја прифати програмната и стратешкиот владин план. Ова го изјави синоќа портпаролот на ДУИ, Бујар Османи.
Меѓутоа дали е подготвена ДУИ да ја прифати партијата со која што е во коалиција Алтернатива, Алијанса за Албанците? Османи вели дека Албанците треба да имаат и опозиција истакнувајќи дека другите опозициски партии не се подготвени да ја водат државата.
Наспроти овој факт, Алтернатива изјавува дека не го прифаќа предлогот на Владата. Како што велат, не сакаат да ја предадат Алијанса за Албанците.
– Што се однесува до изјавите за силна и активна опозиција, и Албанците имаат потреба од албанската партија на власт да биде силна, а не час на услуга на Заев и Спасовски, а час на Груевски и Мијалков, а никогаш на Албанците. Изјави од ваков вид може да дава само некој кому цинизмот му е дискурс на неговиот јазик, но и со разорен и навредлив разум кој наликува на српските тактики на Милошевиќ, од каде се чини дека овој експонент на ДУИ ја има преземено лекцијата при последните средби со српските министри во Белград, велат Алтернатива.