ДСЗИ попладнево го информирало министерот Филипче дека по извршениот надзор е утврдено дека во ГОБ „8 Септември“ од 107 лежечки пациенти, 38 се на возраст од 68 до 88 години.
Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) утрово извршил вонреден инспекциски надзор во ГОБ „8 Септември“ за утврдување на возраста на пациентите хоспитализирани таму.
Инспекцискиот надзор следува откако на социјалните мрежи се сведоштво на ќерка чија мајка иако била позитивна на ковид-19 не била хоспитализирана во ГОБ „8 Септември“ поради возраста.
Како што соопштиија од Министерството за здравство, Инпекторатот утврдил дека во болницата има 107 хоспитализирани лица, од кои 38 се на возраст од 68 до 88 години.
– Министерот разговараше и телефонски со д-р Христијан Костов, директор на ГОБ „8 Септември“. Според д-р Костов, во моментов во ГОБ „8 Септември“, најмладиот ковид пациент е на 20-годишна возраст, а хоспитализирани се и пациенти над 72 години. Костов појаснил дека пациент не може да биде вратен, единствено може да биде препратен во друг ковид центар доколку во ГОБ „8 Септември“ нема слободен кревет, а додека пациентот чека да биде пренесен во друга болница, му се прават потребните анализи и со амбулантно возило се носи во ковид центарот каде има слободен кревет за да биде хоспитализиран, велат од Здравство.
Од Министерството за здравство посочуваат дека денешниот надзор е направен по барање на министерот Филипче, при што се потенцира дека хоспитализацијата во ниту еден случај не зависи од возраста, односно секој пациент, без разлика колку години е, има подеднакво право на болничка нега и третман.