Македонија 13. September 2018. / 11:00

Државниот секретар на норвешкото МНР денеска во Скопје

Државниот секретар на норвешкото МНР денеска во Скопје

Државниот секретар во Министерството за надворешни работи на Кралството Норвешка, Аудун Халворсен денеска и утре ќе престојува во посета на Република Македонија на покана на државниот секретар во македонското МНР, Виктор Димовски.

Како што соопшти МНР, на средбата ќе се разговара за билатералната соработка и натамошното унапредување на односите во сите сфери од заемен интерес, како и за чекорите кон што поскоро интегрирање на Република Македонија во НАТО и Европската унија.

За време на посетата на Македонија Халворсен утре ќе оствари средба и со вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи.

Како што соопшти Секретаријатот за европски прашања, по средбата на Османи и Халворсен ќе биде потпишан договор за соработка помеѓу Министерството за надворешни работи/Амбасадата на Кралството Норвешка и УНОПС – Канцеларијата за услуги на проекти на ОН.