Македонија 03. септември 2019. / 11:17

Драстично намален бројот на запишани ученици во Македонија

Драстично намален бројот на запишани ученици во Македонија

Бројката на запишани ученици во државата вртоглаво паѓа. Сето тоа сепак се должи и на падот на наталитетот, масовното иселување на младите парови од државата во потрага за подобар живот. Односно падот на наталитетот и белата чума ги погоди речиси сите општини во Македонија.

Базата на податоци за движење на бројот на ученици во сите 80 општини плус Градот Скопје, изработена од Центарот за граѓански комуникации врз основа на податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС) покажува дека секоја година се намалува вкупниот број на ученици во основните училишта во државата. Се смета дека факторите кои најмногу влијаат на тоа се: падот на наталитетот и надворешната миграција, односно иселувањето.

Учебната 2006/2007 година во Република Македонија имало 231.497 ученици во сите паралелки – одделенија. Дванаесет години подоцна, во учебната 2018/2019 година во сите училишта во земјава, имало вкупно 188.102 ученици. За период од нешто повеќе од една декада бројот на ученици во основните училишта во државата се намали за над 40 илјади деца.