Македонија 23. јуни 2020. / 16:07

Драма во општата болница во Велес

Драма во општата болница во Велес

Пациент од с.Оризари кај кого бил дијагностициран коронавирусот и бил со тешки компликации синоќа повеќе од 4 часа неможел да биде префрлен на скопските клиники, објави Велес 365.ком.

Драмата траела од 22:30 до 01:30 часот по полноќ. Семејството на 57 годишниот пациент испрати реакција во која се вели дека со часови чекале докторите од Скопје да дозволат транспорт на нивниот роднина на некоја од скопските клиники. Од таму добивале одговор дека нема место и се преполни капацитетите. Тие започнале потрага да биде префрлен на приватна клиника но износот за десет дневен престој бил превисок, односно од приватната клиника добиле одговор дека треба да платат 15.000 евра. На крајот по неколкучасовни натегања и ургенции од семејството и велешките доктори од велешката болница конечно успеале да биде префрлен на Инфективната клиника во Скопје. Инаку ова е прв случај на коронавирус кој се појавува во с.Оризари во Велес.

И додека власта на терен почна да тера кампања, статистиката е немилосрдна и алармантна. Македонија е црна точка не само во регионот туку и пошироко , а во Велес се зголемува бројот на заразени во неколку села од околината каде досега немаше нови случаи. Додека сите земји ги олабавуваат мерките и се враќаат во нормала, со мал број на заразени, кај нас пандемијата драматично расте. Расте бројот и на заразени помеѓу медицинскиот пероснал, а клиниките се соочени со преополни капацитети. Министерот Филипче,  во неколку изјави досега тврди дека здравствениот систем е под контрола.