Ценети граѓани, денеска добив позитивен резултат од тест за КОВИД-19, напиша Драган Ковачки од ВМРО ДПМНЕ на социјалните мрежи.
Ниту сум прв ниту сум последен. Со оглед на тоа што власта досега не обезбеди ниедна вакцина за граѓаните, кога-тогаш ќе мора да се соочиме со ова зло. Неисе.
При обид да добијам препорачана лекарска терапија, открив дека мојот работодавец, Министерот Шекеринска, ме има одјавено од здравствено осигурување уште пред 11 месеци.
Значи, во период на светска пандемија, 11 месеци ме оставила без здравствено осигурување и за тоа мудро си молчи и таа и нејзините соработници. Ова е тендециозно и свесно поигрување со здравјето на политичките неистомисленици.
Г-ѓо Шекеринска, ова е недозволиво и не Ви доликува на функцијата што ја вршите, ниту пак на долгогодишната политичка кариера. Од цело Министерство за одбрана, само мене ме оставивте без здравствено осигурување. По која основа вршите дискриминација?
Во нормална држава за ваков непрофесионален однос и за злоупотреба на службената позиција се одговара.
Кој Ви дозволи на ваков дрзок и безобразен начин да си поигрувате со здравјето?
Не сакам да мешам емоции во политиката, но овој пат морам да прашам дали понекогаш имате грижа на совест или можеби срам?, праша Ковачки.
Ценети граѓани,
денеска добив позитивен резултат од тест за КОВИД-19.
Ниту сум прв ниту сум последен. Со оглед на тоа…Posted by Драган Ковачки on Wednesday, February 17, 2021