Македонија 28. декември 2019. / 18:45

ДПА е поблизу до коалиција со СДСМ, отколку со албанските политички партии

ДПА е поблизу до коалиција со СДСМ, отколку со албанските политички партии

ДПА е поблизу до коалиција со СДСМ, отколку со албанските политички партии смета Мендух Тачи.

Пред почетокот на состанокот на централното раководство на неговата партија, Тачи истакна е невозможнпо да има коалиција на ДПА со БЕСА и Алијансата за Албанците.

– Јас не припаѓам на групата политичари кои се однесуваат опортунистички. Состојбите се многу јасни, после тоа што го работевме со премиерот и лидер на СДСМ, во него гледаме многу поголема подготвеност да зборуваме за сите теми кои се отворени. Без да се отстранат заслугите на премиерот Заев за деблокирање на процесот на интеграција и мислиме дека сме многу поблиску да разговараме понатаму и со премиерот и со СДСМ – изјави Тачи.