Македонија 10. јануари 2021. / 12:42

Дожд и магла ги запреа ски-лифтовите на Попова Шапка

Дожд и магла ги запреа ски-лифтовите на Попова Шапка

Врнежите од дожд и појавата на магла на скијачките терени се причина да не работат ски-лифтовите на скијачкиот центар Попова Шапка, инфомираат од раководството.

Дождот ги оштетува патеките, а видливоста е мала поради маглата.

-Поради неповолните временски услови проследени со магла и дожд денеска ски-центарот нема да работи. Штом се создадат услови во текот на следните денови допиолнително ќе информираме, соопштија од Ски-центарот Попова Шапка.

Изминатиот период работеа жичарниците „Св. Илија“ и „Церипашина“ и ски – лифтовите „Аеродром“ и „Ге“, додека новата шестоседната жичница не беше ставена во функција овој зимски период.