Македонија 16. март 2020. / 16:07

Досега издадени 400 решенија за домашна изолација

Досега издадени 400 решенија за домашна изолација

Околу 400 решенија за домашна изолација досега има здадено Државниот здравствен и санитарен инспекторат, пишува „Фокус“.

Според нивните информации, засега домашната изолација им поминала на вкупно 11 пациенти, односно на оние кои биле во комбето со првата пациентка, која што се зарази од опасниот корона вирус.

Неделава изминуваат 14-те дена инкубација за пациентите кои се под куќен надзор, односно на оние кои биле во контакт со директорката на скопската Клиника за кожни болести, Нина Цаца Биљановска, како и на нивните семејства.

Министерот за здравство, Венко Филипче, на денешната прес-конференција истакна дека досега ниту едно од лицата кои биле во контакт со директорката не покажале никакви симптоми.