Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск и го честиташе на Македонија усвојувањето уставни промени, порачувајќи дека Македонија со таа одлука е чекор поблизу до евроатлантската зедница.
– Еден глас, еден голем чекор поблизу до заземање на местото кои ви припаѓа во нашата трансатлантска заедница, напиша Туск на Твитер на македонски јазик.
Собранието синоќа со 80 гласови за изгласа одлука за пристапување кон уставни измени во согласност со Договорот со Грција.
Еден глас еден голем чекор поблиску до заземање на местото кое ви припаѓа во нашата трансатлантска заедница.
— Donald Tusk (@eucopresident) October 19, 2018