Македонија 20. април 2018. / 22:41

Доналд Туск доаѓа во Скопје

Доналд Туск доаѓа во Скопје

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, ќе присуствува на самитот Брдо-Бриони на 27 април во Скопје, потврди неговиот кабинет. Туск заминува на балканска турнеја помеѓу 24 и 27 април, за време на која ќе ги посети Албанија, Црна Гора, Србија, Босна и Херцеговина, Косово, а ќе заврши во Скопје на самитот Брдо-Бриони на 27 април.

Домаќин на самитот ќе биде претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов. Целта на процесот Брдо-Бриони е да ги собере лидерите на Западен Балкан, како и оние на Словенија и Хрватска, за да се зацврсти политичкиот дијалог и да се зголеми нивото на доверба за решавање на билатералните и регионалните спорови.

Туск ќе се сретне со премиерот Зоран Заев. Средба со претседателот Иванов не е на официјалната агенда.