Македонија 21. април 2020. / 19:15

Докторка од Имунологија на Детската клиника е позитивна на коронавирусот

Докторка од Имунологија на Детската клиника е позитивна на коронавирусот

Докторка од Имунологија на Детската клиника е позитивна на корона вирусот.

Таа е најновиот случај на вработен од оваа здравствена институција позитивен на вирусот, откако претходно заразени со Ковид-19 беа лаборант и медицинска сестра.

Нов случај на Ковид-19 е регистриран и во кочанската болница, каде што позитивна е докторка од интерното одделение. Поради тоа пациентите ќе бидат отпуштени.

Овие потврдени слуачи го продолжуваат трендот на голем процент заразени меѓу медицинскиот персоналкој веќе е околу 20 отсто од вкупниот број заболени .

Точно е дека е позитивна и докторка на Интерно одделение во кочанската болница, но нема  позитивни меѓу  пациентите таму, па сомнежот  е дека таа се инфицирала  на друго место. А сите пациенти во оваа болница кои се на одделение, може на домашно лекуо однсовање да си одат. Во тек е увидот на Санитарниот инсекторат од каде секој ден комумицираат со сите Центри за јавно здравје. А тешко е да се каже дали здравствените работници  се инфицирале на работното место. Има и такви кои не се заразиле на работа – информира министерот за здравство, Венко Филипче, одговарајќи на новинарско прашање.