Македонија 04. август 2020. / 14:43

Доктор Коровешовска: Охридските журки ќе ни се удрат од глава со голем број на заразени од Ковид-19

Доктор Коровешовска: Охридските журки ќе ни се удрат од глава со голем број на заразени од Ковид-19

Од крајот на август, дефинитивно ќе има зголемен број заразени од коронавирусот поради сегашното поведение на туристите во Охрид, но и поради ноншалантното однесување на нивните домаќини, тврди за „Слободен печат“ епидемиологот од ЦЈЗ Охрид, доктор Јованка Сурлакова Коровешовска.

Таа додава дека во охридскиот и во струшкиот регион се чека барем два до три дена за резултатите од тестирањето за коронавирусот, но некогаш се случува да се чека и по пет дена, заради навалата од луѓе што се проверуваат, заедно со нивните контакти. Од друга страна, ништо на охридското крајбрежје не функционира како да има пандемија на коронавирусот. Угостителските објекти се преполни, во кафулињата и на плажите нема каде да се фрли игла, носењето маски на пеколни температури е речиси невозможна мисија,

 Поради ова кршење на протоколите, очекувам од крајот на август веќе, да се зголеми бројката на новозаразени со Ковид 19. Тоа го очекувам не само поради тоа како се однесуваат туристите, туку поради тоа што и нашите, самите охриѓани, веќе не ги почитуваат протоколите. Пред да почне сезоната, ретко се случуваше да видите некој на улица да не носи маска. Речиси сите носеа. Но, сега, истите тие млади па и повозрасни веќе загубија кондиција и не носат маски. Во почетокот, дури и не сакаа да примаат туристи но сега ги примаат. Имав случај кога туристи од Србија дошле да престојуваат во приватно сместување во Охрид. Влегле во нашата земја со негативен ПЦР тест и останале во Охрид седум дена. Меѓутоа, пројавиле симптоми по враќањето во Србија и на почетокот мислеле дека е од провевот или од климатизерот, но направиле тестови и излегоа позитивни. Ги известија домаќините во Охрид и целото семејство што им беа домаќини се тестираа приватно и потрошија 20.000 денари за тие тестови бидејќи не им се чекаше неколку дена преку ЦЈЗ и отидоа на приватно. Не знам каде е тука профитот, изјави доктор Сурлакова Коровешовска за Слободен Печат.

Целиот текст на Слободен печат можете да го прочитате ТУКА.