Во рок од пет дена Апелацискиот суд донел две различни решенија за барањето на Јанева за укинување на мерката притвор, тврдат за Дојче веле извори од овој суд. Според нив, Советот на Апелацискиот суд во решение од 14-ти ноември ги уважил аргументите на првостепениот суд кои се однесуваат на наводите на адвокатите за влошена здравствена состојба на Катица Јанева .Апелацискиот суд тогаш оценил дека првостепениот суд правилно одлучил дека тие наводи се неосновани, бидејќи врз основа на доставената медицинска документација, било утврдено дека обвинетата Јанева може здравствено да биде третирана во установата каде ја издржува мерката притвор. Притоа, доколку има потреба – таа дополнително ќе биде упатена и во здравствена установа, со што во ниеден момент не се повредува правото на нејзина здравствена заштита.
Но, само пет дена подоцна, Советот на Апелацискиот суд го сменил ставот во однос на наводите за нејзината здравствена состојба и решил да ја пушти во домашен притвор. Зошто и како – засега нема одговор, пишува Дојче веле.