Договорот за името ќе оди на ратификација во парламентот со европско знаменце, што значи дека ќе има одредени ограничувања на времетраењето на дискусијата, наместо преку Комисијата за надворешна политика, со која претседава Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ, соопштија за „Независен весник“ владини извори.
Владата утрово го усвои договорот за името со Грција и соопшти дека веднаш ќе го испрати на ратификација во парламентот.