Македонија 01. септември 2020. / 14:15

Додека траел земјотресот во малешевскиот регион луѓето панично ги напуштaле нивните домови

Додека траел земјотресот во малешевскиот регион луѓето панично ги напуштaле нивните домови

Земјотрес со средна јачина денеска околу 13:30 часот почувствуван во Пијанечко-малешевскиот регион. Граѓани јавуваат дека истиот бил краткотраен, но се почувствувал и предизвикал мала паника неѓу населението.

Отприлика 7,8 секунди траеше потресот и како стоев на земја како да ме подигна од земја. Истиот го почувствуваа сите вработени по што излеговме надвор од фабриката, вели жител на село Разловци.

Земјотресот го потврдија и жители на Пехчево кои истакнаа дека по ударот забележале повеќе граѓани надвор од своите домови.

Според неофицијални податоци земјотресот е регистриран на околу 10 километри од Берово каде исто така предизвикал немир меѓу населението.