Македонија 03. јуни 2020. / 10:52

Доцни исплатата на студентските стипендии

Доцни исплатата на студентските стипендии

До крајот на јуни или почетокот на јули ќе бидат исплатени сите стипендии стекнати по различни основи, извести Министерството за образование и наука. Студенти од повеќе државни универзитети реагираат по социјалните мрежи дека не им се доисплатени последните две рати, а некои велат дека не добиле ниту една рата во академската 2019/2020 година. Исплатата на студентските стипендии, особено во периодов на кризата, е повеќе од важна за студентите, кои сè уште ја очекуваат ветената економска помош од државата, пишува „Факултети.мк“

Министерството за образование и наука средствата по основа на стекнати стипендии вообичаено ги исплаќа во два наврати, по неколку месечни рати одеднаш. За оваа академска година, до овој момент, и на новите корисници и на корисниците што правото на стипендија го стекнале во изминатите години им се исплатени средствата за 7 месеци. Преостанатите 2 рати ќе бидат исплатени кон крајот на јуни или на почетокот од јули – велат од МОН.

Целиот текст овде.