Општествени науки ќе изучуваат учениците од прво до трето одделение. Предметот ќе се вика Oпштество, а од четврто до деветто одделение предметот ќе се вика Iсторија и општество.
Како што пренесува Факултети, ова било кажано на денешната јавна расправа на седницата на собраниската Комисија за образование, наука и спорт, на која присуствуваа многу наставници, професори, претставници на МАНУ, ЗЕЛС, претставници на амбасади, на меѓународни организации.
Нацрт-концепцијата за основно образование ја презентираа претставници на работната група, а свое обраќање имаа министерката Мила Царовска и премиерот Зоран Заев.