Предлог законот за амнестија готов до средината на декември. Законското решение кое што треба да произлезе од работата на Координативното тело за помирување е во фаза на подготовка и се бара начин како да се постигне целта, но да не се наштети на правниот процес и владеењето на правото, вели пратеничката Емилија Александрова, која е дел од ова тело.
За содржината на решение засега не се зборува многу, но може да се заклучи дека за настаните од 27-ми април барем за дел од обвинетите амнестија ќе има.
ВМРО ДПМНЕ и понатаму одбиваат да членуваат. Велат според најавите кои доаѓаат за она што го подготвува ова тело тоа се претвора во тело за порамнување.
Социјалдемократите не се согласуваат со тврдењето на Мицевски. Велат треба да се почека предлогот па потоа да се коментира.
Инаку, премиерот Зоран Заев во петокот при интервју рече дека законот за амнестија би значел ослободување од обвинение за оние кои не учествувале во насилството и не биле организатори на насилниот упад во законодавниот дом.