Новиот закон за амнестија што се очекува да биде доставен од групата независни пратеници од ВМРО ДПМНЕ и коалицијата ќе биде селективен, односно нема да важи за сите осудени и обвинети за 27 април, туку за дел од нив.
Имено, за пратениците меѓу кои се и тројцата клучни за гласање и двотретинско мнозинство за отворање на Уставот, што се случи на 19 октомври- ќе има преименување на делото, а за другите не директни учесници целосно ослободување. Меѓу нив првоовбвинет е Крсто Мукоски. Предлог-законот бил при крај, се очекува неделава да биде доставен.
Минатата недела пратеникот од осуммината Зечир Рамчиловиќ нагласи дека притворањата што се случија последниве десеттина дена ја разнишале концепцијата за помирување и состанувањето на координативното тело во Собрание. Сепак конкретни одговори дали двотртетинското мнозинство, после притворањата е на стаклени нозе, нема одговор.
Портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов во неговата пресконференција меѓуредови ја потврди оваа информација, нагласувајќи дека амнестија не може да има за оние кои планирале, нарачале и извршиле насилство на 27-ми април.
– Не смее и не може да има амнестија за оние кои планирале, нарачале и извршиле насилство на 27 април. – рече Костадинов.
Законот за амнестија на лицата осомничени, обвинети и осудени за собраниските настани од 27 април 2017 година поднесен од опозициската ВМРО-ДПМНЕ не го доби потребното мнозинство да биде ставен на дневен ред на денешната 66 пленарна собраниска седница.