Македонија 15. јуни 2020. / 16:58

До крајот на неделата ќе се разговара за отворање на границите

До крајот на неделата ќе се разговара за отворање на границите

До крајот на неделава ќе се разговара за отворање на границите, најави денеска министерот за здравство Венко Филипче.

-Владата донесе одлука да се пушти транзититот за патници кои нема да се задржат во земјата повеќе од пет часа. Ќе предложиме и отворање на нови гранични премини, а до крајот на неделата ќе разговараме и за отворање на границите. Ќе дискутираме и во рамки на Комисијата потоа ќе соопштиме на јавноста, истакна Филипче во одговор на новинарско прашање на денешната прес-конференција.