Македонија 15. јули 2020. / 20:39

До 19 часот Неготино со 63%, Демир Капија 62,31% ‚ Росоман 59,5% и Кавадарци 56,5 % излезност

До 19 часот Неготино со 63%, Демир Капија 62,31% ‚ Росоман 59,5% и Кавадарци 56,5 % излезност

Според податоците на општинските изборни комисии до 19 часот излезноста на денешните предвремени парламентарни избори во Неготино изнесува 63 отсто, во Демир Капија 62,31, во Росоман 59,50 и во Кавадарци 56,5 проценти.

Општинските изборни комисии во овие четири општини информираат дека изборниот процес тече мирно и без никакви проблеми, со почитување на мерките за заштита од коронавирус.