Државната изборна комисија вечерва излезе со оценка дека денешното гласањето поминало тековно и без проблеми.
-До 18:30 часот според информациите кои ги добиваме од избирачките одбори вкупната излезност од гласањето во странство изнесува 686 гласачи односно 38,51 процент. Напоменуваме дека во оваа излезност поради временската зона не се вклучени шесте избирачки места во САД и Канада. 13 гласачки места во казнено-поправните установи каде своето гласачко право денеска можеа да го остварат 1640 гласачи се затворени. Гласањето таму течеше без проблеми, а до 18:30 часот според информациите од избирачките одбори гласаа околу 55 проценти од запишаните избирачи .