Вкупно 60 македонски државјани во Србија денеска од 07.00 до 19.00 часот го остваруваат своето граѓанско право за избор на нов претседател на земјава. До 13 часот излезеноста е околу 30 проценти. Гласањето тече без проблеми и ќе трае до 19 часот кога се затвора гласачкото место, јави дописникот на МИА.
Гласањето почна на време и тече без проблеми. Излезеноста до 13 часот е околу 30 отсто, изјави в.д. амбасадорот Александар Поповски и претседател на Избирачкиот одбор на избирачкото место 5025 во Амбасадата во Белград.
Македонските државјани во Србија втор пат гласаат на претседателските избори. Пред пет години во Белград гласаа 241 граѓанин.