Досега се поднесени два приговори до ДИК од партијата „Демократи„ на Јорго Огненовски, објави Телма. Рокот за приговори за постапката на гласање завршува вечерва во 21 часот, додека за сумирањето и утврдувањето на резултатите партиите можат да се жалат до утре во 19 часот и 30 минути. Роковите почнаа да течат синоќа кога беа објавени неофицијалните конечни резултати.
Од ДИК вчера со задоцнување ги објавија неофицијалните конечни резултати од изборите поради, како што изјави претседателот, хакерски напад на веб-страницата на Комисијата.
Комисијата има рок од 72 часа да одлучи по приговорите. Против нивната одлука може да се поднесе тужба до Управниот суд, во рок од 24 часа од приемот на решението. Управниот суд, пак, е должен да донесе одлука по жалбата во рок од 48 часа по нејзиниот прием.