Македонија 06. мај 2020. / 13:00

Директорот на ИЈЗ: Нема избори без сериозна проценка на здравствената состојба

Директорот на ИЈЗ: Нема избори без сериозна проценка на здравствената состојба

Без сериозна и реална проценка на здравствената состојба, во земјава нема услови за одржување избори.

Директорот на Институтот за Јавно Здравје, Шабан Мемети, гостин во емисијата “200“ во Алсат М телевизија рече дека најпрво треба да се види ефектот на олабавените мерки, за потоа да се направи проценка за организирање на избори.

Рано е да се каже, затоа што сме во вонредна состојба. Ќе направиме реална проценка, ќе ги олесниме мерките, ќе ја гледаме реакцијата на граѓаните и јавноста и со тоа ќе знаеме колку тестови треба да се направат, колку од нив ќе бидат позитивни, колку ќе имаме во болница, а ИЈЗ ја следи целата состојба и не се занимава со политика. Ние ќе кажеме за здравствената состојба и не е добро да се брзаме, изјави Мемети.