Директорот на Фондот за иновации и технолошки развој,Јован Деспотовски преку Фејсбук сподели дека е позитивен на Ковид-19.
„Се чувствувам добро, а од дома ги вршам сите тековни активности и обврски. Истовремено, би сакал да нагласам дека според сите протоколи, ФИТР ќе продолжи да функционира непречено бидејќи од самиот почеток во Фондот се работи во различни смени и во огромна мера дигитално, односно без дополнителни физички контакти“, наведува во објавата Деспотовски.
Вчера доцна вечерта добив позитивен тест на Ковид-19. Се чувствувам добро, а од дома ги вршам сите тековни активности и…
Posted by Јован Деспотовски on Thursday, November 5, 2020
Тој нагласи дека како и секој пат кога се појавило сомнеж, ќе биде спроведено тестирање за вработените, како и преземање на мерки за изолација секаде каде што ќе биде тоа препорачано.