Македонија 07. февруари 2020. / 13:05

Директорот на „Еко клуб“ ја изгуби функцијата почесен конзул на Унгарија

Директорот на „Еко клуб“ ја изгуби функцијата почесен конзул на Унгарија

Откако изби аферата за несоодветно третирање на медицинскиот отпад, директорот на фирмата „Еко клуб“ од Битола, Сашо Јанакиевски, ја изгуби функцијата почесен конзул на Унгарија во Македонија.

Македонското Министерство за надворешни работи добило нота од унгарското МНР со која го информира дека го отповикува Јанакиевски, кој на функцијата беше назначен во септември 2012 година.

„Еко клуб“ го доби тендерот за одржување на хигиената во кругот на Клиничкиот центар во Скопје во јануари 2018 година.