Македонија 29. март 2020. / 19:07

Директорката на охридската болница: Не гледам вина кај мене за стружанката која почина од коронавирус

Директорката на охридската болница: Не гледам вина кај мене за стружанката која почина од коронавирус

Директорката на охридската болница, Славица Малеска во изјава за „А1он“ вели дека не гледа вина кај неа за случувањата со стружанката која почина од коронавирус, а чии роднини тврдеа дека била одбиена да биде примена во инфективното одделение. Таа вели дека за нејзиното разрешување кое го најави министерот за здравство, Венко Филипче, дознала од медиумите, пишува А1он.

Подготвуваме известување до министерството, иако не беше побарано од нас. Изјавата од раководителот на Инфективното одделение исто така е во Министерството за здравство. Нека се произнесе министерот, би сакала тоа да излезе од негова уста. Јас не гледам вина кај мене. Не ми е доставено известување од началникот на инфективното одделение за тоа дека пациентка била одбиена да биде примена. За случајот првпат слушнав откако излезе во порталите“, вели Малеска за „А1он“.